Вардарци комплетни ќе гo пречекаат Келце

Европскиот шампион Вардар во полн состав би требало да го пречека полскиот првак Келце следната недела.

Тренерот Стевче Алушовски од утре ќе може да смета на целиот играчки кадар, а на тренинзи се враќаат и ракометарите што беа позитивни на коронавирус пред две недели.

Од настапите за националните селекции се вратија Чупиќ, Стоилов, Мишевски, Георгиевски, Кизиќ и Талески.

Од претходно во Скопје останаа Вујин и Валчак, поради откажаните собири на Србија и Полска, додека Дисингер веднаш се врати од Германија откако не доби дозвола да се приклучи на националниот тим.

Натпреварот со Келце се игра на 19 ноември, а во ростерот на полскиот првак можеби ќе недостига Владислав Кулеш, кој се уште е во изолација, додека Гебала и Душебаев веќе се приклучија на тренинзите.