Вардарци ги завршија лекарските прегледи, со тренинзи продолжуваат денеска (ФОТО)

Ракометарите на Вардар во саботата ги започнаа подготовките за новата сезона во која ќе имаат многу предизвици.

Стартот беше на отворено, а откако беше донесен протоколот за тренинзи во сала, веќе ќе може да се размислува и за таа опција.

Во текот на вчерашниот ден вардарци во неколку групи ги завршија неопходните лекарски прегледи пред стартот на новата сезона.

Вардарци денеска би требало да се комплетираат со доаѓањето на Иван Чупиќ, кој доцнеше поради приватни причини.