Вардарци во десет минути решија сè против Бутел

Ракометарите на Вардар дојдоа до нова победа во плеј-офот од Супер машката лига откако денеска на гостувањето кај Бутел Скопје славеа со 34:26.

Од почетокот на средбата немаше дилема кој доаѓа до победа на овој дуел. Уште од стартот се виде дека вардарци се далеку поквалитетни и успеаја да влезат во средбата подобро. Тргнаа со предност од 2-3 гола, а домашните успеваа да следат. Дојдоа до резултат кој им даваше можност да се изборат за триумф, но ракометарите на Бутел Скопје се држеа 20 минути.

После 20 минута и резултат 6:8 следуваше зголемување на водството на гостите на четири разлика, а лесно беа обезбедени и плус осум. На одмор Вардар водеше со 17:9 и овие осум гола само потврдија кој е фаворитот на овој дуел.

Второто полувреме практично беше формалност. Домашните веќе знаеја дека не можат да стигнат и се потрудија да ја одржат разликата. Успеаја да го одиграат нерешено во второто полувреме, па ова им беше позитивен момент.

Вторите 30 минути завршија со резултат 17:17 така што на крајот сè беше исто како на полувреме. Инаку, ова беше средба на која вардарци се загреаја за реваншот против Веспрем во Лигата на шампионите каде што е јасно дека се во тешка мисија и ќе се обидат да се изборат за позитивен резултат.

4 април 2021
26 - 34
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 април 2021 18:25 REГУЛАРЕН ДЕЛ | ПЛЕЈ ОФ СУПЕРЛИГА 2020/2021 04.04.2021 60'

Место

УС „Антон Димитров“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
БУТЕЛ926Пораз
ВАРДАР 19611734Победа

БУТЕЛ

# Играч Позиција Исклучување Голови
6Јовица Младеновскилев бек01
7Томче Стојановскилев бек10
8Димитар Ѓеоргиевскицентрален бек03
10Марко Митевцентрален бек02
13Едвин Омерагиќлев бек00
14Бојан Спасовскипивот00
15Златко Мојсоскидесно крило04
17Бојан Спасовскидесен бек02
18Христијан Милошевскилев бек03
23Горан Печенковскицентрален бек00
24Златко Даскалоскиголман00
26Душан Трифковиќ-03
30Бојан Блажевскиголман00
33Владимир Јевтиќпивот01
34Кристијан Василевскипивот13
64Мирко Мајиќлево крило04
 Вкупно 226

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Борко Ристовскиголман00
2Васко Шеваљевиќлев бек03
3Патрик Валчакпивот02
4Томислав Јагуриновскидесен бек02
5Стојанче Стоиловпивот02
8Димитар Димитриоскилево крило01
9Гоце Георгиевскидесно крило03
15Кристијан Дисингерлев бек13
18Ловро Јотиќцентрален бек05
24Анте Гаџацентрален бек02
27Иван Чупиќдесно крило04
28Филип Талескилев бек04
31Тимур Дибировлево крило03
44Јосип Векиќдесен бек20
55Стефан Атанасовскипивот00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 334

Officials

Судии:Делегат:
НАЧЕВСКИ ЃОРЃИ
НИКОЛОВ СЛАВЕ
ЧАВДАРОВ ВАСИЛ

СУПЕР МАШКА ЛИГА – ПЛЕЈ-ОФ

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1МЕТАЛУРГ22701515