Вардарци без шанси, Мешков Брест си оди со полн плен

Во последниот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите, ракометарите на Вардар загубија од Мешков Брест со 32-36. Овој пораз ги остави на седмото место на табелата и им го донесе Веспрем за ривал во осминафиналето од најелитното натпреварување.

На стартот се играше гол за гол до 5-5, а потоа белорускиот првак ги казни сите вардарови грешки и Вајлупов, Паниќ и Скубе стигнаа до плус четири, 5-9. Во продолжение Вајлупов беше стрелец на голот за највисоки пет голови разлика, 7-12, но вардарци во следниот период заиграа подобро во нападот и намалија на 10-12.

Сепак повторно беа промашени два зицери, Дибиров промаши и пенал, па Мешков Брест се одлепи на 11-16 на пет минути до паузата. Беше и 12-17, а потоа уште неколку промашните напади и гостите од Белорусија стигнаа до највисоки плус осум, 12-20.

Вардар – Мешков Брест (Лига на шампиони)

Вардар ги заврши натпреварите од групната фаза во Лигата на шампионите со пораз од 32:36 против Мешков Брест и зарши на дуел против Веспрем во осминафиналето. „Црвено-црните“ имаа подобро второ полувреме откако во првиот дел губеа со 12:20, но не беше доволно за да можат до нешто повеќе.

По десетина минути вардарци се врати на минус пет, 20-25, но немаше енергија кај избраниците на Алушовски да направат нешто повеќе на овој дуел. Гостинските стратег ротираше со составот, а предноста на Мешков се движеше од шест до осум погодиции.

На десетина минути до крајот преку Дибиров, Вардар стигна до 26-30, но немаа домашните шанси за да го направат финишот неизвесен, па Мешков рутински го заврши мечот со конечна победа од три гола разлика, 32-36.

4 март 2021
32 - 36
Крај

Детали

Датум Време Лига Сезона Match Day Крај
4 март 2021 19:43 ЛИГА НА ШАМПИОНИ А 2020/2021 04.03.2021 60'

Место

СЦ „Јане Сандански“

Резултати

Екипа1-во полувреме2-ро полувремеРезултат
ВАРДАР 19611232Пораз
МЕШКОВ2036Победа

ВАРДАР 1961

# Играч Позиција Исклучување Голови
2Васко Шеваљевиќлев бек00
3Патрик Валчакпивот10
5Стојанче Стоиловпивот03
8Димитар Димитриоскилево крило00
9Гоце Георгиевскидесно крило01
11Мартин Карапалевскицентрален бек00
15Кристијан Дисингерлев бек01
21Глеб Каларашпивот14
24Анте Гаџацентрален бек07
27Иван Чупиќдесно крило04
28Филип Талескилев бек03
31Тимур Дибировлево крило09
44Јосип Векиќдесен бек00
55Стефан Атанасовскипивот00
77Робин Кантегрелголман00
98Марко Кизиќголман00
 Вкупно 232

МЕШКОВ

# Играч Позиција Исклучување Голови
1Иван Пешиќголман00
3Дмитри Санталовлев бек00
4Јахор Буџејкадесен бек00
8Марко Паниќдесен бек06
12Иван Мацкевичголман00
20Сташ Скубецентрален бек07
22Вјачеслав Шумакпивот22
24Максим Барановдесен бек00
31Симон Разгорлево крило10
33Павел Пачковскидесен бек01
34Сандро Обрановиќлев бек02
42Арцјом Селвасјукпивот10
55Никита Вајлуповдесно крило012
66Јака Малушцентрален бек02
76Илја Тамашуклево крило01
77Владимир Врањешпивот13
 Вкупно 536

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1КИЛ14102222
2АЛБОРГ1483319
3ПСЖ ХЕНДБОЛ1481517
4КЕЛЦЕ1464416
5ППД ЗАГРЕБ1462614
6ПИК СЕГЕД1461713
7КОЛСТАД1451811
8ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР1400140