Вардарки завршија на +40 против Кузман Вардар

Ракометарките на Вардар се изборија за победа од 52:12 против Кузман Вардар во 8. коло од Супер женската лига со што само продолжија со одличните игри.

Тие доминираа на овој дуел што беше и очекувано поради разликата во квалитетот на двата тима така што на крајот високата победа и не е изненадување.

Колку е голема разликата се виде уште во првиот дел кога Вардар имаше 25:5. Гостинките тешко доаѓаа до погодок и тоа влијаеше на играта. Воедно беше лесно и да се загрози голот на ривалот, па затоа имаше имногу голови

Практично и двете полувремиња завршија со иста разлика. И во првото и во второто Вардар имаше подобар резултат за 20 гола така што на крајот и не е изненадување високата победа.

Ова е една од најголемите победи сезонава, а сè поизвесно е каде ќе се води битката за првите четири места така што во моментов има голема разлика меѓу првите 4-5 екипи и другите.

ВАРДАР – КУЗМАН ВАРДАР     52:12 (25:5)

Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Мартин Јовановски и Сашо Јанкулоски од Прилеп. Делегат: Илија Цветкоски од Прилеп.

ВАРДАР: Грујовска, Илиќ, Попова 2, Цветковска 3, Стефаноска 3, Џатевска 6, Лазаровска 5, Тошевски 2, Трпевска 5, Костовиќ 2, Диневска 5, Миновска 6, Јаковчевска 4, Галевска 2, Стојановска 2, Дамјановска 5.

Седмерци: -, Исклучувања: 2 мин.

КУЗМАН ВАРДАР: Петровска, М. Буразер, Додевска 1, Милевска, Јовевска 5, Стојчевска 1, Ангеловска 2, Симоновска, А. Буразер, Петковска 1, Кириловска, Ангеловска 2.

Седмерци: -, Исклучувања: 4 мин.

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ19181055
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА19161249
3ЧАИР19161249
4КУМАНОВО19150445
5ВАРДАР19141443
6СТРУЖАНКА1991928
7ПЕЛИСТЕР 20121991928
8СКОПЈЕ19721023
9ДЕСПИНА19611219
10СПАРТАК19511316
11ОВЧЕ ПОЛЕ С. У.19431215
12АСТИБО19401512
13ШАМПИОН1921167