Вардарецот го мина последниот филтер: Дисингер ќе игра на Мундијалот во Египет (ФОТО)

Селекторот на Германија, Алфред Гисласон, го овјави скратениот список до 20 ракометари кои ќе патуваат на Мундијалот во Египет.

На скратениот список се најде и левиот бек на Вардар, Кристијан Дисингер, а заедно со голманот Андреас Вулф од Келце, тие двајца се единствени интернационалци.

Гисласон имаше големи проблеми по откажувањето на четворица ракометари поради семејни причини и тројца поради повреди, па изборот од 35 падна на 28 ракометари.

Откажаа Винцек, Пекелер, Вајнхолд и Виде, како и Сутон, Семпер и Лемке.

Германија е во групата А со Унгарија, Уругвај и Капе Верде и сигурно нема да има проблеми да обезбеди место во главната рунда.