Валтер ќе прозива на 18 јули, битолчани во потрага по уште засилувања

Новиот стратег на Еурофарм Пелистер, Ларс Валтер, пристигна во Битола и ќе прстојува неколку дена со цел да се запознае со градот, условите за работа, како и да бидат договорени деталите околу подготовките пред стартот на новата сезона.

Валтер ќе ја изврши првата прозивка на 18 јули, а дотогаш тимот треба да има комплетиран ростер.

Битолчани се во потрага по двајца ракометари кои настапуваат на бековската позиција, а не е исклучено уште некое засилување на другите позиции.

Македонскиот вицепрвак ќе биде дел од Струшкиот турнир, а допрва треба да биде дефиниран и распоредот за август во регионалната СЕХА лига, па Валтер уште во август ќе има можност да ги види на дело новите ракометари.

Досега Еурофарм Пелистер се засили со голманот Урбан Лесјак, пикерите Жарко Пешевски и Денис Василев, како и бековите Руди Сери, Вилсон Дејвис и Усама Хосни.