Валтер: Горд сум што ќе бидам дел од историски клуб како Еурофарм Пелистер!

Еурофарм Пелистер денеска го официјализираше доаѓањето на новиот тренер Ларс Валтер, кој треба да биде во Битола во наредните две сезони.

Валтер доаѓа во македонскиот вицепрвак со големо искуство од водење на клубови како Порто, Висла Плоцк, Кадетен Шафхаузен и уште многу други.

„Уште еден нов предизвик. Многу сум горд што сум дел од овој историски клуб. Сега сите мора да работиме напорно за да го вратиме Еурофарм Пелистер каде што му е местото. Едвај чекам да се сретнам со неверојатните навивачи, играчите и стручниот штаб. Се гледаме сите во Битола“, изјави Валтер.

Данецот ќе биде официјално промовиран кога ќе пристигне во Битола, а подготовките на клубот треба да почнат во втората половина на јули.