Бутел Скопје со успешна генералка, дојде до победа против Охрид

На контролна средба во Скопје тимот на Бутел дојде до победа од 30:28 против Охрид со што имаше нова успешен натпревар на кој можеше да се види колку двете екипи се подготвени за почетокот на сезоната.

Екипата на Бутел Скопје беше во предност уште во текот на првите 30 минути така што немаше поголем проблем. Дојде до предност од 16:13, а во вториот дел успеа да ја одржи и да дојде до триумф.

Сезоната треба да почне на 8 и 9 септември. Бутел Скопје стартува на домашен терен против Прилеп, додека екипата на Охрид е домаќин на Тиквеш.