Бутел Скопје пропушти златна шанса во ЕХФ Купот, елиминиран со гол во последната секунда

Ракометартите на Бутел Скопје претпреа пораз на реванш дуелот со ЗТР Запорожје со 29:24 и беа елиминирани од ЕХФ купот. Домашната победа од 18:14 беше недоволна залиха за пласман во 2. коло од ЕХФ купот.

Бутел Скопје беше на чекор да го елиминира ЗТР Запорожје, но не издржаа во последните моменти. Во првиот дел домаќинот успеа да ја анулира предността на Бутел кога имаше водство од 13:9. Со оглед на тоа што првиот натпревар во Скопје заврши со малку голови, на нашиот претставник му одговараше и пораз од четири гола.

Вториот дел помина во израмнета игра, Бутел во неколку наврати го намалуваше заостанувањето, а во 46. минута стигна до израмнување 20:20. Сепак последните десет минути беа клучни за поразот. На 40 секунди до крајот Печенковски реализираше од седум метри за 28:24 што беше доволно за пласман понатаму. Сепак ЗТР Запорожје успеа да постигне гол во последните секунди и да го елиминира нашиот претставник.

Најефикасни во домашниот тим беа Ганчев и Залевски со по шест гола, а во екипата на Бутел Скопје најефикасен беше Мирко Мајиќ со осум гола, додека Горан Печенковски постигна шест.