Бундес тимот пресилен за „кариоките“ во натпревар што го судеа Начевски и Николов

Низ Европа се играат последните пријателски натпревари пред заминувањето на репрезентациите во Јапонија на Олимписките игри.

Селекцијата на Германија славеше убедлива победа над Бразил со десет погодоци разлика, 36-26, во натпревар што го судеа нашите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов.

Избраниците на Алфред Гисласон на полувремето направија четири гола предност, 17-13, а во вториот дел доминираа над ривалот.

Кај Германците, најдобри стрелци беа Кастенинг со седум и Шилер со шест гола, додека кај Бразилците се истакнаа Дутра Фереира со осум гола, а екс вардарците Толедо и Мораес дадоа по еден погодок.

Освен Германија на турнирот „Три нации“ ќе игра уште и селекцијата на Египет.