Будуќност прокоцка огромно водство, Ѓер се спасуваше кај Оденсе

Денес продолжија натпреварите од Лигата на шампионите во женска конкуренција. Ракометарките на Будуќност на гостувањето во Франција ремизираа против Брест Бретањ, а исходот беше 28:28.

Екипата предводена од Бојана Поповиќ одлично го отвори натпреварот и со головите на младите Вукчевиќ, Џаферовиќ и Рамусовиќ го зголемуваа водството од минута во минута. На спротивната страна искусните, Гулден и Грос беа целосно изгубени во нападот. Со добрата игра од пикерските и крилните позиции, Будуќност на полувреме имаше предност од 18:11.

Во вториот дел почна да паѓа играта на Будуќност, а на спротивната страна се разбрани Сандра Тофт. Брест Бретањ беше пред обезбедување на нови два бодови, но Јованка Радичевиќ со гол во последните секунди донесе важен бод за екипата од Подгорица. Во составот на Будуќност по шест голови постигнаа Итана Грбиќ и Јованка Радичевиќ. Во франускиот тим најефикасни беа Грос Ана и Контане Паула со по пет погодоци.

Ракометарките на Валчеа ја обезбедија првата победа во Лигата на шампионите на гостувањето во Копривница каде беа подобри од Подравка со резултат 25:27 (13:15). Романките водството од еден до два голови го одржуваа во текот на целиот натпревар. И покрај 11 одбрани на домашната голманка, Јулија Думанска, ракометарките на Валчеа обезбедија победа. Во победничкиот табор најефикасна беше Миневскаја Евгенија со седум погодоци, а во составот на Подравка се истакна Дејана Милосављевиќ со девет погодоци.

Без победник заврши натпреварот во Оденсе каде истоимената екипа пропушти голема шанса за победа против Ѓер. По 60 минути игра и двете страни на своето конто однесоја по еден бод, откако натпреварот заврши 32:32 (18:17). Водеа домаќинките и со плус пет, но на крајот мораа да се задоволат само бод. Ова беше една од најдобрите партии на данскиот тим во Лигата на шампионите и на овој натпревар екипата беше предводена од Луис Абинг која постигна 11 погодоци. Во составот на Ѓер, Едуарда Аморим Талеска ја предводеше листата на стрелци со седум голови.