Будуќност останува без една од најдобрите ракометарки – ја чекаат „слатки обврски“

Една од најдобрите ракометарки на Црна Гора и Будуќност, Милена Раичевиќ ја очекува подолго отсуство од терените. Таа е пред нов, поразличен период од животот, очекува бебе и во наредните месеци ќе стане мајка.

Убавата вест ја соопштија од клубот, а Раичевиќ ќе ја пропушти сезонава на клупски и репрезентативен план што ќе значи дека Црна Гора и Будуќност ќе бидат ослабени во претстојниот период. Ова е причината што 30 годишната ракометарка не е дел од тимот од почетокот на сезоната.

Средниот бек е долги години во Будуќност, односно од 2007 година и сега Драган Аџиќ ќе мора да најде соодветна замена за неа. Раичевиќ беше дел од шампионскиот тим на Будуќност, а со репрезентацијата на Црна Гора има освоено повеќе медали.

Меѓу нив се златото од Европското првенство во 2012 година во Србија и сребрениот медал на Олимписките игри во Лондон 2012 година. Покрај овие медали има бронзени одличја од Медитерански игри во 2009 и јуниорско светско првенство во Јужна Кореја.