Будуќност играше без Лекиќ, но заслужено стигна до победа над Борусија Дортмунд

Ракометарките на Будуќност во Подгорица беа подобри од Борусија Дортмунд со 31:27 во рамки на Групата Б од Лигата на шампионите.

Без повредената Андреа Лекиќ, тимот предводен од Бојана Поповиќ дури во второто полувреме го скрши отпорот на гостинките од Германија. Најзаслужна за победата на Будуќност е голманката Барбара Аренхарт, која десет минути не дозволи топката да ја помине гол линијата во второто полувреме.

Најефикасна во составот на Будуќност беше Јованка Радичевиќ со десет погодоци. Одличен натпревар одигра младата Надја Кадовиќ, постигна два погодоци во вториот дел од натпреварот. Во поразениот табор Грајселс беше најдобра со шест погодоци.

Со денешниот пораз, Борусија Дортмунд во Б групата ги изгуби сите шанси за пласман меѓу најдобрите, додека Будуќност сè уште е во игра.