Бугарија и Турција одиграа реми со 80 голови, познати полуфиналистите на ЕХФ шампионатите

Заврши групната фаза на ЕХФ шампионатите за ракометарки до 19 години што паралелно се играат во Италија и во Македонија.

Во третото коло Србија ја совлада Италија во борбата за првото место, но и двете репрезентации одат во следната фаза.

Пласман во полуфиналните натпревари уште обезбедија и Шпанија и Литванија од групата Б од Италија.

Интересен факт од ЕХФ шампионатот од Италија е што дуелот меѓу Турција и Бугарија на кој паднаа дури 80 погодоци, заврши нерешено, 40:40. Двете селекции ќе разигруваат само за пласман

Од ЕХФ шампионатот во Македонија, полуфиналисти се Белорусија и Полска од групата А, како и Холандија и Фарски Острови од групата Б.

Македонија ќе игра в сабота со Финска, а потоа со подобриот или поразениот од пресметката меѓу Исланд и Косово.

ЕХФ шампионат Италија, резултати:

БУГАРИЈА – ТУРЦИЈА 40:40 (18:24)
СРБИЈА – ИТАЛИЈА 26:25 (13:14)
ШПАНИЈА -ЛИТВАНИЈА 25:18 (13:7)

ЕХФ шампионат Македонија, резултати:

БЕЛОРУСИЈА – ФИНСКА 32:1 (17:10)
ИСЛАНД – ПОЛСКА 24:24 (11:13)
ХОЛАНДИЈА – ФАРСКИ ОСТРОВИ 22:29 (8:17)
МАКЕДОНИЈА – КОСОВО 33:16 (16:7)