Брзина и рефлекс за атракција – Трајкоски влета од клупа и запре контра и чист гол (ВИДЕО)

Голманот на Еурофарм Пелистер 2, Благојче Трајкоски имаше солидна партија на дуелот против Струга во 8. коло од Супер машката лига, а една од интервенциите вреди да се повлегне повеќепати. Тој влезе од клупата за резерви бидејќи во напад тимот од Битола играше со празен гол. И не само што успеа да истрча до голманскиот простор туку и запре контранапад на стружани и одбрани зицер. Погледнете.