Брауновиќ: Нашата серија без пораз ќе биде ставена на голем тест против Бутел Скопје

Тимот на Бутел Скопје утре го пречекува Охрид во натпревар од 15 коло во Суперлигата, кој резултатски е безначаен, со оглед на тоа што и двете екипи обезбедија место во плеј-офот.

Голманот на гостите, Јагош Брауновиќ вели дека серијата без пораз на охриѓани ќе биде ставена тест.

„Резултатски натпреварот не е толку значаен, затоа што двете екипи ќе играме во плеј-офот, но самата најава како дерби, внесува голем императив за победа во нашиот состав. Бутел Скопје е квалитетна екипа и со голем фонд на искусни ракометари. Нашата серија без пораз ќе биде ставена на голем тест и се надевам дека успешно ќе го поминеме и ќе го продолжиме низот на позитивни резултати во Суперлигата“, изјави црногорскиот голман.

Натпреварот меѓу Бутел Скопје и Охрид се игра вечерва во спортската сала „Антон Димитров“ во населба Бутел со почеток во 19:00 часот.