Бразил ја совлада Кореја, на чекор до билет за Токио

По поразот од Норвешка, селекцијата на Бразил славеше во второто коло од квалификацискиот турнир за Олимписките игри над Јужна Кореја со убедливи шест гола разлика, 30-24.

Јужноамериканската репрезентација полека ја градеше позитивата и по првото полувреме имаше плус четири, 13-9.

Во вториот дел брзите Корејци се обидоа да парираат, но немаа сили за камбек во натпреварот и бодовите ги освои Бразил.

Најдобри стрелци кај Бразил беа Чиуфа со седум голови како и Дутра Силва и Мораес со по четири, додека кај Јужна Кореја, Таехун даде шест голови.

За место на ОИ во Токио, Бразилците можат да си дозволат и пораз до пет гола од Чиле и да обезбедат место на големиот собир, под услов Норвешка да слави над Чиле и Јужна Кореја.