Бразил се извлече од бездна, со голем пресврт славеше над Чиле и ќе игра на ОИ

Ракометарите на Бразил стигнаа до втората победа на квалификацискиот турнир за пласман на Олимписките игри откако го совладаа Чиле со 26:24 и го потврдија пласманот во Токио.

Чиле одигра одлично прво полувреме, постојано беше во водство и на полувреме имаше голема предност, водеше 11:17 и беше на добар пат да оствари победа.

Сепак Бразилците не дозволија изненадување и со голем пресврт во второто полувреме славеа победа. Ако загубеа со седум разлика од Чиле, Бразилците немаше да патуваат на ОИ.

Леонардо Дутра беше најефикасен во составот на Бразил кој постигна пет гола, а Жоао Силва погоди четирипати. Ервин Фојхтман беше прв стрелец во тимот на Чиле со осум гола, но не беше доволно за позитивен резултат.