Бразилски репрезентативец остана верен на Барселона

Еден од најдобрите ракометари во редовите на Барселона, кружниот напаѓач Дос Сантос Тијагуш Петруш, го продолжи договорот со каталонскиот гигант и во редовите на актуелниот европски шампион ќе остане до 2025 година.

Раководството на Барселона преку клупската страна ја извести јавноста дека успешно била продолжена соработката со репрезентативецот на Бразил.

Искусниот ракометар од сезона 2018/19 настапува за екипата на Барселона и заедно со клубот од Шпанија двапати ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Во својата кариера настапуваше и за екипата на ПИК Сегед од Унгарија, шпанскиот суперлигаш Ла Риоха и матичниот клуб од Бразил – Еспорте.

Барселона во новата сезона во Лигата на шампионите, во која ќе ја брани титулата, ќе игра во група Б заедно со ПИК Сегед, Целје, Келце, Нант, Кил, Елверум и Алборг.