Бошковски за 24Ракомет: Ми требаше поголем предизвик, со Пролет се договоривме за пет минути

Екипата на Пролет од денеска има нов тренер, а во новата сезона влегува со Андон Бошковски на кормилото кој во последниот шампион предводејќи го Радовиш успеа дојде до опстанок во Супер машката лига.

Тој од денеска е нов стратег на клубот кој финишираше на 3. позиција, а за 24Ракомет објасни како се договориле за соработка со тимот на Пролет.

„Се договоривме во само пет минути. Се познаваме долго со претседателот на Пролет и затоа имавме брз договор. Покрај мојот родител долги години е во соработка со господинот Кадиевски така што набрзина се договоривме за соработка. После мојата успешна епизода со Радовиш барав поголем предизвик и успеавме да се најдеме со раководството на Пролет“, изјави Бошковски.

Тој објасни дека планира некои новитети во играта, но засега е рано да се коментира околу тоа дали ќе има некои нови ракометари односно каде ќе се менува во составот.

„Не знам колку ќе менуваме. Ќе решаваме сè во од. Сакаме да одработиме добро и да бидеме во плеј-офот бидејќи мислам дека Пролет како клуб тоа го заслужува. Што и како ќе се случува останува да видиме. Сакам да сменам некои работи и да внесам нешто мое во играта. Сакам да додадам нешто плус и на некои од младите играчи да им помогнам да се кренат на едно повисоко ниво. Воедно како тим да бидеме за 10 или 15 проценти подобри од досега“, коментираше Бошковски за 24 Ракомет.

Пролет во последната сезона заврши зад Вардар и Еурофарм Пелистер што овозможи тимот да игра во квалификациите за групната фаза во Лигата на Европа.

Пролет го реши тренерското прашање – доаѓа Андон Бошковски