Босна со четворица „Македонци“ во квалификациите за ЕП

Селекторот на репрезентацијата на Босна и Херцеговина, Билал Шуман, го објави поширокиот список на ракометари од кој ќе одбере 16 што ќе настапат во квалификациите за Европското првенство во 2022 година.

Босна и Херцеговина игра против Германија и Австрија и ќе има тешка задача со позитивен резултат да почне во квалификациите.

Шуман на списокот вметна и четворица ракометари што играат во Македонија. Станува збор за средните бекови Марко Тарабокија од Металург и Јосип Периќ од Еурофарм Пелистер, потоа левиот Марин Вегар и пикерот Елмир Граџан од битолскиот клуб.

Овојпат на списокот го нема десниот бек Невен Стјепановиќ, кој исто така беше во комбинација на минатите собири.

ЕХФ неделата ќе започне од 2 до 8 ноември, а во тој период ќе се играаат сите натпревари.