Борец се засили со искусен голман од Вардар Неготино

Пред самиот почеток на Првата лига, Борец ангажираше уште едно засилување во низа. Нов член на велешкиот клуб е искусниот голман, Кире Димовски од Вардар Неготино.

Димовски во минатото беше член на Борец, а имаше настапи и за екипата на Младост од Богданци и Астраион од Струмица.

Со неговото доаѓање на голманската позиција, Борец доби одличен чувар на мрежата. Претходно, клубот ги ангажираше и Кристијан Ристов, Никола Манев, Лазар Стојанов, Борис Ристовски и Димче Минов.

Главните играчи од минатата сезона остануваат во екипата која ќе биде предводена од новиот тренер Игор Тодоровски. Амбициите на клубот за новата сезона се пласман во горниот дел на табелата во Првата лига.