Борбата за титулата во Супер лигата треба да почне на 6 март

Главниот дел од сезоната ќе стартува првиот викенд од март, кога ќе биде одиграно првото коло од пролетната етапа. Плеј-офот ќе стартува на 6 март, а после овој викенд ќе следува пауза поради ЕХФ неделата и квалификациските натпревари за ЕП 2022 против селекцијата на Данска.

Сезоната ќе заврши вториот викенд од јуни односно на 12 и 13 јуни за кога е предвидено одигрувањето на последното коло од шампионатот во плеј-оф лигата. Со оглед на тоа што се измени и календарот за меѓународните натпревари се менува и домашниот, па затоа и сезоната ќе трае до средината на јуни.

Првото дерби ќе биде на 27 или 28 март. Во 3. коло екипата на Вардар ќе го пречека составот на Еурофарм Пелистер и тогаш ќе се види кој колку е подготвен за трката за титулата. Натпреварот во Битола ќе биде одигран во 10. коло односно на 12 или 13 мај.

Дуелите меѓу Металург и Вардар се резервирани за 7. и 14. коло. Во Автокоманда средбата се игра на 17 или 18 април, додека на 12 или 13 јуни во последното коло се игра во СЦ „Јане Сандански“.

Што се однесува до пресметките меѓу Еурофарм Пелистер и Металург тие се во 5. и во 12. коло. На 10 или 11 април ќе имаат дуел во Скопје, а во Битола нагтпрварот ќе биде одигран на 29 или 30 мај.

Се очекува вообичаено овие три екипи да бидат во трка за титулата, но тука не смее да се заборави ниту на Охрид, кој имаше 12 од 12. Во плеј-офот се и составите на Пролет 62, Бутел Скопје, Струга и Еурофарм Пелистер 2.