Божиновски и Начевски добија нова задача од ИХФ

Македонската двојка Даниело Божиновски и Виктор Начевски, добија нова задача од Светската ракометна федерација.

Тие ќе судат на четвртото издание на ИХФ првенството за земји во развој што ќе одржи од 25 до 30 април во градот Варна во источниот сосед на Македонија.

По Светското првенство за кадетки што се одржа лани во Скопје, ова е втор настан под капата на ИХФ, на кој ќе биде присутна македонската двојка.

На ИХФ првенството за земји во развој ќе учестуваат 12 репрезентации што се поделени во четири групи.

Во групата А ќе играат Малта, Андора и Индија, групата Б ја сочинуваат Кипар, Молдавија и Австрија, во групата Ц се најдоа Велика Британија, Куба и Гватемала, додека во групата Д ќе се соочат Бугарија, Азербејџан и Нигерија.