Бобан Попов има нов клуб во Германија

Левиот бек Бобан Попов, во новата сезона ќе остане во Германија, но ќе настапува за тимот на Грун Вајс Витенберг.

Штипјанецот, кој ги мина сите младински категории на Текстилец, во Македонија настапуваше уште и за Металург Јуниор и Прилеп.

Во Германија, пак беше дел од клубот Именштат, а играше и во Португалија за составот на Мариенсеш.

Тимот на Витенберг е дел од регионалните лиги во Германија, а во истиот ранг настапува и тимот на Ратинген на Ацо Јоновски и Филип Лазаров.