Блесна новата сала во Будимпешта – ги чека најдобрите европски селекции и 20.000 навивачи

Ракометната федерација на Унгарија, еден од организаторите на претстојното Европското првенство во јануари 2022 година, денеска објави дека новата сала во Будимпешта е подготвена за настанот.

Таа беше изградена за потребите на континенталниот шампионат и ќе ги пречека најдобрите европски селекции.

Во групната фаза во „Будимпешта Арена“ ќе играат домаќинот Унгарија, Португалија, Исланд и Холандија, а потоа во оваа сала ќе се играат и двобоите од една група во главната рунда.

Покрај сите овие дуели, новата сала во унгарската престолнина, која може да прими повеќе од 20.000 навивачи, ќе биде домаќин и на финалниот викенд на ЕП.