Битолчанки со бодови од Гевгелија, имаа подобар финиш

Ракометарките на Феникс АМС се израдуваа на три бода на гостувањето во Гевгелија откако дојдоа до минимален триумф од 29:28 во Групата А од Женската лига.

Во натпревар кој помина со 60 минути надигрување и неизвесност, нијанси беа во прашање околу тоа кој состав ќе се израдува на бодовите. Имаше пресврти во текот на првото полувреме. Гостинките се обидоа да го диктираат темпото и беа близу до предност на одмор, но не успеаја да издржат, па заминаа со негатива на одмор.

Тимот на Гевгелија успеа да се врати и после 10:12 во последните две минути со 3:0 да го сврти резултатот во своја корист за на одмор да биде 13:12.

Во продолжение постојано владееше резултатска тензија. Имаше моменти во кои своја шанса имаа и двата состави. Така беше до финишот, а во последните две минути се влезе со нерешени 27:27. Сепак, тука гостинките дојдоа до плус два, а домашните само намалија така што на крајот беше 28:29, а бодовите заминаа за Битола.

ГЕВГЕЛИЈА – ФЕНИКС АМС        28:29 (13:12)

Сала: 26 Април во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов од Скопје. Делегат: Ѓорѓи Дучков од Гевгелија.

ГЕВГЕЛИЈА: Наумоска, Горковска, Басова 2, Д. Митрова 7, П.Митрова,Димова 6, Атанасова 2, Петковска 11, Ибрахимовиќ

Седмерци: 1/1, Исклучувања: 8 мин.

ФЕНИКС АМС: Кокиноска, Рујановска 7, Пашиќ, Лазаревска 1, Шиниковска 4, Талева 4, Корлевска 1, Илиевска 7, Ризоска 5, Анчевска, Стојановска

Седмерци: 3/3, Исклучувања: 6 мин.

СУПЕР ЖЕНСКА ЛИГА – ГРУПА А

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ
1ЃОРЧЕ ПЕТРОВ23221067
2МЕТАЛУРГ АВТОКОМАНДА22191258
3ЧАИР23191358
4ВАРДАР22171452
5КУМАНОВО22160648
6СТРУЖАНКА221111034
7ПЕЛИСТЕР 2012221011131
8ДЕСПИНА23911328