Битолчани со европски манири – отворена и фан зона пред салата

Битола е гладна на добри спортски натпревари, а Еурофарм Пелистер тоа им го овзоможува веќе неколку сезони. Годинава тимот повторно игра во групната фаза од Лига Европа, а сега освен тоа што салата „Боро Чурлевски“ повторно „ќе крцка“, интересно е и пред салата. За првпат клубот направи фан зона за навивачите.

Малку дружење, малку јадење, по некој сок и пиво, снабдување со навивачки реквизити, дресови, шалови за целосно навивање.
Најмладите се сликаа со дел од ракометарите од вториот тим на Еурофарм Пелистер, оние што мислат дека можат да дадат лесно гол, се обидуваа да погодат на поставените мети.. Забава за секого..

Фан зона Битола

Останува само ракометарите да возвратат со добра игра и бодови. Потоа ќе биде уште поубаво да се биде во фан зоната.