Битолчани на подготовки во Хрватска, ќе „тестираат“ со Целје, Загреб и Горица

Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечерва заминуваат за Загреб, каде што ќе одработат дел од подготовките за пролетниот дел од сезоната.

Поради тоа што клупската сезона стартува подоцна во Македонија и тешко е да се договорат пријателски мечеви со екипите што почнаа скоро со подготовки, битолчани се решија оваа фаза да ја одработат во Хрватска.

Освен со хрватските Загреб и Горица, ќе играат еден дуел и со словенечкиот шампион Целје на 21 јануари од 13:30 часот. На 23 јануари од 17:30 е пресметката со Загреб, додека со Горица, битолчани ќе играат на 25 јануари од 18:00 часот.

Од играчкиот кадар во Хрватска не патуваат повредените Маџовски и Кушан, како и ракометарите што играат на СП – Танкоски, Костески, Велковски, Хендави, Маркоски. Бабиќ ќе може да смета на 13 играчи од првиот состав, како и на десниот бек Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер 2.