Битолчани на зимски одмор, старт на подготовките на 12 јануари

Двата битолски тима завршија со активности за 2021 година, а поголем дел од играчите имаат репрезентативни обврски.

Подготовките за новата сезона екипата под водство на Жељко Бабиќ и неговиот стручен штаб ќе ги започне на 12 јануари 2022 година.

Подоцнежниот тек на подготовките, припремните фази и контролните натпревари дополнително ќе бидат одредени.

Еурофарм Пелистер 2 своите зимски подготовки за вториот дел од сезоната ќе ги започне на 10 јануари 2022 година. Дополнително ќе бидат одредени контролните натпревари во претсезоната.