Битолчани го потврдија новиот десен бек: Матео Мараш потпиша за Еурофарм Пелистер

Екипата на Еурофарм Пелисетр ги потврди најавите за засилувањето од Хрватска. Младионскиот репрезентативец на оваа земја, Матео Мараш пристугнува во Битола и ќе биде засилување на позицијата десен бек за овој тим.

Како што 24Ракомет најави уште пред неколку дена ова ќе биде новиот играч кој ќе ја зголеми конкуренцијата на десен бек и во новата сезона ќе биде секако можност за посилен напад и одбрана на битолчани.

Мараш е играч кој има 202 сантиметри и 101 килограм така што со корпулентноста сигурно ќе биде и добро засилување во двата правци.

Инаку, на позицијата десен бек ќе треба да ја дели минутажата со Мартин Велковски и Невен Стјепановиќ, кој заздравува од операцијата во моментов.