Битолчани ги чека полна сала во Скопје – влезот за дербито со Вардар е слободен

Големото дерби на македонскиот ракомет меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се одигра пред полни трибини.

Влезот за двобојот меѓу скопскиот и битолскиот тим ќе биде слободен, а ако оди се според планот, СЦ „Јане Сандански“ сигурно ќе биде исполнет.

Ова ќе биде четврти официјален дуел на двете најдобри македонски екипи, ако не го сметаме натпреварот на турнирот во Струга.

Во Суперкупот славеа битолчани, во Скопје во регуларниот дел славеше Вардар, додека во Битола мечот заврши нерешено.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер ќе се игра в сабота со почеток во 17:00 часот.