Битката за суперлигашки опстанок почнува во март, ќе трае до средина на јуни

Осумте екипи кои се најдоа во плеј-аут групата од Супер машката лига од 6 и 7 март ќе влезат во интересна трка во која ќе треба да се борат за едно од првите две места на табелата,

Според она што е веќе познато и досега многупати објавено и искоментирано само првопласираниот состав си обезбедува место во Супер лигата и за следната сезона, додека второпласираниот тим ќе треба да се соочи со победникот на Првата лига во бараж натпревар.

Познато е веќе како ќе се одвива баражот. Тој ќе биде на средина од јуни односно на 16 или 17 така што ова ќе биде долга полусезона во која ќе има што да се види од сите.

Во плеј-аут лигата играат Работнички, Прилеп, Јуниор Кисела вода, Астраион, Младост, Тиквеш, КЛ 7 и Радовиш. Тешко е да се даде предност на некој тим или да се одреди дерби дуел кој ќе ја одбележи сезоната бидејќи барем пет од овие екипи имаат рамноправни шанси за првото место.