Бисинов убедлив во градскиот дуел против Борец

Градскиот прволигашки дуел во Велес меѓу екипите на Борец и Бисинов заврши со убедлива победа на дебитантот од 37:26 во натпревар од 2. коло од плеј-аут фазата.

За екипата на Бисинов триумфот над градскиот ривал беше втор триумф во плеј-аут фазата, додека Борец го доживеа 16-от пораз во натпреварувачката сезона 2022/23, односно втор во плеј-аутот.

Ракометарите на Бисинов водеа во текот на целиот натпревар, домаќинот беше во водство само во првиот дел, успеа во неколку наврати да го израмни резултатот, но немаше многу опции во нападот и на полувреме замина со негатива од 16:14.

Дебитантот во вториот дел немаше никакви проблеми, дојде до поубедлива предност, искористи дел од грешките на ривалот, иако имаше мали осилации во играта, и ангажираноста во вторите 30 минути беше сосема доволна за победа.

Најефикасен во победничката екипа беше Мартин Иванов со осум погодоци. Во поразениот табор се истакна Антонио Јаневски, кој исто така имаше осум реализации.