Билети за дербито во продажба: Гледајте го спектаклот Вардар – Еурофарм Пелистер за 150 денари

Тимот на Вардар објави дека од денеска се пуштени во продажба билети за дерби натпреварот од првото суперлигашко коло против Еурофарм Пелистер.

Билетите ќе се продаваат онлајн TУКА, како и на билетарницата на СЦ „Јане Сандански“ в сабота и недела.

Цената на билетите во зависност од блоковите за седење во салата е 150, 200 или 250 денари.

Натпреварот меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер закажан за в недела во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 19:45 часот.

Ова е втор натпревар меѓу двете најдобри македонски екипи во период од десетина дена, откако играа во Супер Купот во Струмица.