Белорусите главна тема во европските спортски медиуми (ФОТО)

Додека сите национални ракометни федерации во Европа донесоа одлука да ги прекинат натпреварувањата заради корона вирусот, една земја сè уште не се одлучува на таков чекор.

Се работи за Белорусија каде што спортските настани и натаму се одржуваат. Додека сите одмараат и се распуштени екипите, во очекување да заврши кризата со заразната болест во Белорусија се однесуваат како ништо да не се случува. Токму заради тоа во сите попознати европски спортски медиуми фотографија од натпревар на Мешков Брест се појави на насловната страна.