Без Стојанче Стоилов на реваншот со Данска

Македонската репрезентација на реваншот во Алборг против Данска од квалификациите за Европското првенство ќе биде без еден од лидерите на теренот.

Пикерот Стојанче Стоилов има проблеми со половината, па стручниот штаб и селекторот Лазаров нема да ризикуваат со него за возвратниот дуел со светскиот првак.

Избраниците на Кире Лазаров вечерва имаат тренинг, по што ќе биде познато колку ракометари ќе патуваат со чартер летот до Алборг.

Лазаров на пикерската позиција покрај Стоилов на располагање ги има Никола Маркоски, Жарко Пешевски и Михаил Аларов.