Бахреин се загреа со три победи за Олимписките игри во Токио

Репрезентативците на Бахреин имаа три контролни средби во неколку дена со што ја фатија потребната форма за настап на Олимписките игри во Токио, а на сите три дојдоа до победа.

Противници на Бахреин беа ракометарите на Естонија, а победите беа забележани со резултати од 36:25, 26:25 и 40:25.

На Олимпијадата селекцијата на Бахреин ќе игра во група со Данска, Португалија, Шведска, Египет и Јапонија.