Барселона прв фаворит на Супер Глоуб, оди по четвртти пехар по ред во Џеда

Денеска стартува новото издание на неофицијалното клупско светско првенство годинава, кое до сабота ќе се одржи во салата „King Abdullah Sports City“ во градот Џеда во Саудиска Арабија. На ова натпреварувањето ќе учествуваат десет клубови од сите континенти.

Од вкупно десетте учесници шест екипи се претставници од ИХФ континенталните конфедерации, а исто така учествуваат и бранителот на титулата, две екипи домаќини од Саудиска Арабија додека еден тим ќе игра со вајлд-карта.

Претставници на домаќинот на турнирот се екипите Ал Веда и Ал Нор, додека бранител на титулата е Барселона. Екипата на Алборг ќе игра на Супер глоуб како финалист од Лигата на шампионите бидејќи победникот Барселона е веќе пласирана како бранител на титулата.

Претставник на азискиот континент е тимот на Ал Духаил кој е победник на Лигата на шампионите на континентот. Од Јужна Америка претставник ќе биде бразилкииот Пинеирос кој е исто така победник на својот континент. Магдебург доби вајлд-карта и ќе учествува како победник во Лигата на Европа. Претставник на Африка е Замалек, од Северна Америка е тимот на Сан Франциско додека од Океанија претставник е Сиднеј Универзитет.

Барселона победуваше на ова натпреварување во последните три изданија. Минатата година поради Ковид 19 не се одржа, па сега тимовите после две години пауза односо се собираат. Тимот на Барса е рекордер со пет титули од шест учества.

Форматот на натпревари ќе биде со елиминации, а шест тима директно се пласирани во четврт-финалето додека другите четири ќе играат и осминафинале. Финалетое предвидено да се игра в сабота.

Македонија ќе има свои претставници на овој Супер Глоуб во судиите Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, делегатот Драган Начевски и во ракометарот на Сан Франциско, Славе Јовановски.

СУПЕР ГЛОУБ 2021 – РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ

5 ОКТОМВРИ – ОСМИНАФИНАЛЕ

15:30ч

СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ – МАГДЕБУРГ

19:30ч

АЛ ВЕДА – САН ФРАНЦИСКО

6 ОКТОМВРИ – ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ

12:15ч

СИДНЕЈ УНИВЕРЗИТЕТ/МАГДЕБУРГ – АЛ ДУХАИЛ

14:30ч

АЛ НОР – ПИЊЕИРОС

16:45ч

АЛ ВЕДА/САН ФРАНЦИСКО – АЛБОРГ

19:30ч

БАРСЕЛОНА – ЗАМАЛЕК