Барселона има ново лево крило на радарот

Ракометарот кој имаше импресивен настап на последното Светско првенство, Швеѓанецот Хампус Ване е на списокот на желби на тимот на Барселона.

Играчот кој има 27 години веќе осум сезони е во редовите на Флензбург и настапува во Бундес лигата. Тој во последната сезона беше во Топ 5 стрелци на Бундес лигата така што покажа дека е во одлична форма и на клупски план. Постигна 230 гола.

Ване беше еден од најдобрите играчи на Шведска на последниот Мундијал, кога практично со втора постава Швеѓаните дојдоа до сребрениот медал.

Инаку, овој трансфер би требало да се случи во текот на следното лето.