Барса се помачи со Елверум, но ги собра бодовите

Тимот на Барселона ја продолжи победничката серија во Лигата на шампионите и славеше на незгодното гостување во Лилехамер кај Елверум со 26-30.

Домашниот тим во првиот дел  покажа заби и водеше со големиот фаворит со 14-11, но до крајот на полувремето, Барса со серија од пет голови го презема водството, 14-16.

Каталонскиот гигант добро го отвори вториот дел и стигна до плус четири, но упорните ракометари на Елверум намалија на минус еден, 23-24, на десетина минути до крајот.

Сепак искуството беше пресудно и Барса забележа триумф со 26-30. Најдобри стрелци кај победничкиот тим беа крилата Арињо и Абело со по шест погодоци, додека кај Елверум се истакна Фредриксен со пет голови.