Барса руши рекорди во Лигата на шампионите

Тимот на Барселона со мали проблеми славеше на гостувањето кај Алборг со 32-35 и ја продолжи серијата победи во Лигата на шампионите на 21 натпревар.

Серијата почна на 14 септември 2019, а трае се уште. Со триумфот во Данска, Барелона успеа да го надмине неверојатното остварување на Сиудад Реал.

Некогашниот гигант во периодот од 23 октомври 2005 до 4 март 2007 година имаше 20 победи во низа во елитното натпреварување.

Серијата од 21 натпревар без пораз во ЛШ е исто така најдолга низа и повторно во сопственост на Барса.

Вардар тука котира на петто место, со 15 средби без пораз од 12 март 2017 година до 10 февруари 2018 година.

 

Серија без пораз во ЛШ:

Барселона 21 (14.09.19 – ?)
Сиудад Реал 20 (23.10.05 – 04.03.07)
Келце 18 (15.11.15 – 23.10.16)
Кил 17 (22.10.11 – 18.10.12)
Вардар 15 (12.03.17 – 10.02.18)

Серија победи во ЛШ:

Барселона 21 победи (14.09.19 – ?)
Сиудад Реал 20 победи (23.10.05 – 04.03.07)
Веспрем 12 победи (17.11.18 – 02.06.19)