Барса најде лев бек – ќе плати 50.000 евра за млад Шпанец!

Средниот бек на Грањолерс, Пол Валера во остатокот од сезоната ќе настапува во актуелниот европски шампион Барселона.

Раководството на каталонскиот гигант на Грањолерс ќе му исплати 50.000 евра оштета, со оглед на тоа дека Валера има активен договор со клубот, кој што настапува во второто по ранг европско натпреварување – Лига на Европа.

Пред извесен период се шпекулираше за ангажирање на Валера во Барселона, но од следното лето, по заминувањето на Домен Макуц, кој се наоѓа пред трансфер во данскиот вицепрвак Алборг.

Повредите на Тим Н’Гесан и Ханиел Лангаро беа причина за челниците на Барселона да ја забрзаат одлуката за ангажирањето на средниот бек на Грањолерс. Двете страни сѐ уште преговараат, но наскоро се очекува официјализирање на соработката.

24-годишниот ракометар во досегашниот тек од настапите во Лига на Европа на шест одиграни натпревари постигна 39 погодоци.