Барса и Н’гесан во љубов до 2025 година

Францускиот репрезентативец Тимоти Н’гесан го продолжи договорот со европскиот првак Барселона до 2025 година.

Н’гесан имаше важечки договор со каталонскиот гигант до следното лето, но соработката беше продолжена за уште три сезони.

Тој дојде во Барса од Шамбери во 2016 година. Иако релативно млад, може да се пофалии со две одличја од Олиписките игри, злато од Токио и сребро од Рио.

Во дресот на Барселона ја освои титулата во Лигата на шампионите минатата сезона, има пет трофеи од Асобал лигата, пет титули од Купот на Кралот, шест од Супркупот на Шпанија, како и три титули од Супер Глоуб.

Левиот бек е дел од француската колонија во Барса, во која се уште и десните бекови Дика Мем и Мелвин Ричардсон, како и пивотот Лудовик Фабрегас.