Барса го истури гневот на Порто

Екипата на Порто каде што настапува репрезентативниот голман на Македонија, Никола Митревски имаше тешко гостување кај Барселона во Лигата на шампионите и беше поразена со 38:31.

Барселона имаше фуриозен почеток, отвори со 4:0 и го диктираше темпото и резултатот. На полувреме домашниот тим веќе имаше убедливо водство 20:13, а како одминуваше натпреварот беше се поблиску до победата.

Во продолжението Барселона рутински го одржуваше водството и сигурно стигна до победата. Овој триумф за каталоснкиот тим значеше враќање на победите после двата порази од составот на Келце во претходните две кола.

Никола Митревски овој натпревар го заврши со четири интервенции. Незапирлив беше Гомез Абељо со 12 погодици, а Лука Циндриќ постигна осум гола. Во тимот на Порто се истакна Магељаеш со осум погодоци.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – ГРУПА Б

ТАБЕЛА

ПозЕкипаНПРЛБ.
1МАГДЕБУРГ14120224
2БАРСА14110322
3ВЕСПРЕМ14100420
4МОНПЕЛЈЕ1480616
5ВИСЛА ПЛОЦК1451811
6ГОГ1451811
7ПОРТО1440108
8ЦЕЛЈЕ1400140