Бабиќ си замина од Битола, но го направи планот за следната сезона

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ, и средниот бек Ловро Јотиќ се вратија во татковината по долг пат од 24 часа.

Но стратегот на битолчани додека немаше натпревари го скрои планот за стартот на подготовките за новата сезона.

Бабиќ најави дека битолчани ќе „запалат“ мотори на 27 јули, а тоа е десет дена подоцна од Вардар, кој ќе има обврски во СЕХА.

Ростерот на Еурофарм Пелистер се уште не е затворен, се очекува уште најмалку две странски засилувања.