Бабиќ: Се истрошивме многу против Вардар

Еурофарм Пелистер зауби во првиот осминафинален натпревар во Лигата на Европа на гостувањето кај Нексе со 29:26 и во Битола ќе бара победа за пласман во четвртфиналето.

Тренерот на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ имаше свое видување за натперварот и причините за поразот на неговиот тим.

„Се чувствувавме уморни, се потрошивме многу на натпреварот против Вардар. Во второто полувреме ја подобривме агресивноста и движењето, стигнавме до минимално заостанување но промашивме седмерец. Домашниот тим постиган гол во самиот финиш, но тоа е ракометот“, рече Бабиќ.

Реванш дуелот се игра во салата Боро Чурлевски следнит вторник со почеток во 18:45 часот кога ќе бид познат патникот во четвртфиналето.