Бабиќ: Мора да бидеме ментално цврсти, оваа група е минско поле

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ги очекува последниот европски натпревар за оваа година, а ривал ќе биде Спортинг Лисабон.

Тренерот Жељко Бабиќ вели дека тимот треба да биде ментално цврст и да биде максимално фокусиран ако сака триумф.

„Играчите во Лисабон дадоа се од себе, имаа фантастичен натпревар. И на вториот натпревар не очекува голема борба. Ќе има ментална битка, мора да бидеме максимално фокусирани, а исто толку мора да бидеме ментално цврсти и спремни да го чекаме нашиот момент. Знаевме од почетокот дека групата е изедначена и дека во принцип таа е едно големо „минско поле“. Мора на секој натпревар да си максимално концентриран и фокусиран, во добра форма, да имаш силен тимски дух. Како и да заврши ова коло, има уште многу да се игра. Сите се бориме за првите четири места. Четирите кола што ќе се играат следната година, сметам дека ќе бидат клучни за пласман во следната фаза на Европската лига“, изјави Бабиќ.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Спортинг Лисабон се игра утре во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 20:45 часот.