Бабиќ: Дефинитивно заслужена победа за Вардар

Екипата на Еурофарм Пелистер очекувашемногу повеќе на дуелот против Вардар, но на дербито не успеа да прикаже игра каква што се очекуваше пред почетокот на средбата.

Тимот од Битола претрпе пораз од 27:35 така што има големо заостанување од овој натпревар бидејќи осум разлика може да биде пресудна разлика во меѓусебниот дуел.

Тренерот Жељко Бабиќ после средбата потврдидека ова бил дуел на кој Вардр заслужено успеал да дојде до победата.

„Заслужена победа на Вардар дефинитивно. Вардарци имаа повеќе енергија и во одредени моменти може и повеќе квалитет. Сепак, верувам дека без разлика на квалитетот кој го поседуваат во Вардар ние паднавме енергетски и имаме пократка ротација. Имавме многу натпревари и емотивно се испразнивме. Секако една од причините за лошите перформанси е менталниот и физичкиот замор“, коментираше Бабиќ после средбата.

Тој најде причина и во тоа што младите ракометари не можеле да го издржат притисокот.

„Имаме многу натпревари и особено за нашите млади ракометари е тешко да се издржи бидејќи оптоварувањата се големи исто како и очекувањата. Во една таква ситуација потонавме подпритисокот на самиот натпревар. Сигурно разликата не е така голема како што изгледа. Во вгорник играме натпревар во Лигата на Европа и ќе се обидеме да се вратиме и да продолжиме да играмеи понатаму. Ова е само еден натпревар, а ова е заслужена победа на Вардар. Имаме уште многу да се игра и треба што побрзо да се вратиме ментално“, изјави тренерот на тимот од Битола.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и Вардар кој треба да се одигра во вториот дел од плеј-оф сезоната би требало да биде на средината од мај и тогаш може веќе да падне одлука кој состав ќе биде новиот шампион.